spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Вредноста на изградбата и реконструкцијата на сите 4 игралишта ќе...

Ѓорче Петров: Вредноста на изградбата и реконструкцијата на сите 4 игралишта ќе изнесува 9 милиони денари

Во рамки на низата важни одлуки е и доградба на две нови училни во ООУ ,,Мирче Ацев”. Во изминатиот период активно работевме на подобрување на условите и зголемување на капацитетите во повеќе училишта во нашата општина, се со цел учениците и наставниот кадар да ги имаат сите потребни услови кои што се важни при одржувањето на наставата. За таа цел, работевме на доградба на нови две училни во ООУ ,,Mирче Ацев”, кои што се направени по сите стандарди и ги задоволуваат сите услови кои што се потребни за непречена настава и поголем комфор на учениците и наставниците.За реализација на овој проект беа одвоени 6 милиони денари.

Ќе се прави и првиот сензорен центар во градинката ,,Росица”. Првпат во Општина Ѓорче Петров ќе се направи еден сензорен центар кој ќе биде лоциран во објектот ,,Пампурче”, a истиот ќе го сочинуваат три училни и сите потребни сензорни алатки кои ќе помогнат при образовните потешкотии на дечињата кои што се соочуваат со тој проблем.

Сензорниот центар ќе биде од голема помош како за дечињата, така и за вработените, бидејќи ќе можат преку најразлични модели на едукација да пристапат до најмладите и да им помогнат во совладувањето на одредена материја којашто е потребна да се спознае во најмладите години. Инклузијата е важен сегмент од општеството и ние ќе се трудиме и во иднина да ја практикуваме и вклучуваме секаде каде што ќе се укаже можност за тоа.

Сумата којашто е издвоена за реализација на овој проект изнесува 1.700.000 денари.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Ја известуваме пошироката јавност дека денес од објава на извесен организатор на SkopYard кој од 21 март без претходно добиена согласност најавувал дека на...