spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингИуте со нова експозитура во Прилеп и продолжување со реализација на планот...

Иуте со нова експозитура во Прилеп и продолжување со реализација на планот за проширување на мрежата на експозитури

Иуте ја отвори првата експозитура во Прилеп, на тој начин заокружувајќи бројка од вкупно 12 експозитури на територијата на целава држава.

Новата експозитура е дел од стратешкиот план на Иуте Македонија за проширување на мрежата на експозитури, со што со Прилеп и експозитура во Велес отворена минатата недела, во план е само за првиот квартал да се отворат уште 4 нови експозитури.

Иуте е лидер на финтек пазарот во дигиталната трансформација и имплементирање на напредни алатки за унапредување на корисничкото искуство, но паралелно со тоа, ќе продолжи да им излегува во пресрет на сите клиенти и корисници, кои сé уште преферираат личен контакт и поудобно се чувствуваат кога работата ја завршуваат во директен и личен контакт со нашите вработени.

Истата е лоцирана во строгиот центар на градот ќе работи од понеделник до сабота од 9 до 17 часот и истата е опремена согласно новиот бренд идентитет на Иуте.

По повод отворањето на експозитурата, идентично како и за ново-отворената експозитура во Велес и сите останати кои ќе се отворат во следниот период, Иуте подготви специјална понуда за своите корисници. До крајот на март, сите клиенти кои ќе аплицираат во експозитурата или по други канали, а се со адреса на живеење во Прилеп (според лична карта), ќе може да ја искористат промотивната понуда за кеш кредит до 400.000 денари на 48 рати со 0% камата.

Извор: ИутеКредит Македонија

Прочитајте

Делчево: Известување за достава на Решенија за данок на имот за...

0
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека службите од Општина Делчево започнаа со редовната теренска достава на Решенија за данок на имот за 2024 година, и Решенијата...