HomeМинистерстваМФ: Известување

МФ: Известување

spot_img
spot_img

Министерството за финансии во наредниот период согласно одредбите од Изборниот законик на својата веб страница ќе ги објавува буџетските исплати во посебна база за буџетски трошоци во изборен период.

Согласно Изборниот законик, Министерството за финансии од денот на донесување на Одлуката за распишување на изборите до нивното завршување согласно со резултатите од изборите, има обврска во посебна база да ги објавува податоците за сите буџетски исплати, освен редовните плати, пензии и комунални трошоци.

Исто така, Министерството за финансии две недели по распишување на изборите има обврска да  поднесе и предизборен финансиски извештај во којшто ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки, во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесување на извештајот кој се објавува на веб страната на Министерството за финансии.

Министерството за финансии ќе постапи согласно одредбите од Изборниот законик и податоците ќе бидат достапни за јавноста на веб страната.

Извор: Министерство за финансии

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте