spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Го најавуваме почетокот на големиот проект кој произлегува од програмата За Модерно Скопје и се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија.

Отпочнуваме со средното училиште “Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров, каде во рамките на проектот, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема која ќе им овозможи на средношколците пријатен престој на отворено во катчиња во кои ќе може да се дружат, ќе имаат можност за организирање на предавања и едукативни работилници.

Важноста и целта на овој проект е да се поттикнат нашите средношколци за зачувување, одржување и негување на животната средина како и да се креираат нови паркови површини и фитнес зони. Дополнително, во училишните дворни се реализира проектот за надворешни фитнес зони, со реквизити и справи со цел поттикнување и унапредување на здравите животни навики со спортување и рекреирање.

Извор: Влада

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...