HomeОпштиниИлинден: Почна изградбата на ново детско игралиште во Ајватовци

Илинден: Почна изградбата на ново детско игралиште во Ајватовци

spot_img
spot_img

Општина Илинден почна со изградба на ново детско игралиште во населено место Ајватовци. Во рамки  на игралиштето ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка,  клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.

На терен увид на работните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека децата од Ајватовци ќе добијат ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава.

Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината. Во наредниот период ќе бидат реконструирани постојните и ќе се изградат нови детски игралишта и во останатите населени места.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија