spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска на Климатско собрание на Скопје - Законите мора да применуваат...

МЖСПП: Оџаклиеска на Климатско собрание на Скопје – Законите мора да применуваат и почитуваат

„Справувањето со загадувањето со воздухот бара кооперативен и ингегриран пристап на сите нивоа, на централната власт, локалните самоуправи, бизнис заедницата и граѓаните. Само така можеме да ја постигнеме целта што е од заеднички интерес, бидејќи сите дишеме ист воздух“ – истакна заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска на прва сесија на Климатското собрание  за справување со загадувањето во Скопје.

климатско собрание1

Проектот има за цел да ги обедини различните засегнати страни и да овозможи размена на мислења, ставови и предлог- решенија со цел да се иницира поефикасно мобилизирање на сите расположиви сили и знаења во решавање на еден од најголемите предизвици во главниот град на државата, аерозагадувањето.

климатско собрание 2

Според Оџаклиеска, централната власт работејќи на усогласување на националното со европското законодавство,  постигна виден напредок во регулирање на обврските и правта во областа, но се уште е предизвик неговата имплементација. „Законите мора да се применуваат и почитуваат“- додаде Оџеклиеска.

На настанот обраќање имаше и Трифун Костовски, поранешен градоначалник на Град Скопје,  а вовед во темата на сесијата даде Горјан Јовановски, експерт во областа.

Климатското собрание на Скопје е проект на здружение на граѓани ЗИП Институт финансиран од Европската фондација за клима, Советот на Европа и Европската Унија.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...