spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Јавен повик за избор на 2 еТвинери, за учество на...

НАЕОП: Јавен повик за избор на 2 еТвинери, за учество на интернационален семинар „eTвининг и Еразмус+ проекти“

Врз основа на Решение  бр.20-903/2 од 11.09.2023, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

избор на 2 (двајца) еТвинери, за учество на интернационален семинар  „eTвининг и Еразмус+ проекти“, наменет за средно стручно училиште, кој ќе се одвива од 28-30 април 2024 година во Салзбург, Австрија

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 2 (двајца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „eTвининг и Еразмус+ проекти“, наменет за средни стручни училишта, кој ќе се одвива од 28-30 април 2024 во Салзбург, Австрија.

Трошоци за учество

Националната Агенција е должна да ги покрие трошоците за пат и котизација за настанот.

Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.

Критериуми за аплицирање

  • •         Лицето да е регистрирано во платформата и да има добиено еТвининг ознака за квалитет;
  • •         Лицето да е вработено во средно сручно училиште;
  • •         Лицето да има познавање на англиски јазик и ИКТ алатки

*Во изборот на учесниците влиајние ќе има: учество на претходни еТвининг семинари, застапеност по региони во Република Северна Македонија и постигната работа во еТвининг.

Начин на аплицирање

Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 18.02.2024 година, на електронската адреса  aneta.zdravkovska@na.org.mk

  • кратка биографија (CV)
  • Свои податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, име на училишт и адреса на живеење

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 

2 (двајца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов„eTвининг и Еразмус+проекти“, наменет за средно стручно училиште, кој ќе се одвива од 28-30 април 2024 во Салзбург, Австрија и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...