spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Биосигурносните мерки на фармите клучни во борбата против африканската чума кај...

АХВ: Биосигурносните мерки на фармите клучни во борбата против африканската чума кај свињите

Ако малите свињарски фарми не ги сфатат сериозно препораките за преземање на соодветните мерки против африканска чума, земјава може да остане без свинско месо, предупредија учесниците на обуката „Мисија за одржлива техничка помош (STM) за африканска свинска чума во Северна Македонија” што ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Нови случи на болеста во земјава се јавуваат кај нерегистрираните, мали семејни фарми кои не обрнуваат големо внимание на биосигурносните мерки.

Директорот на АХВ Николче Бабовски потврди дека од првиот случај на појавата на болеста во 2022 година до денес, кај нас се регистрирани 62 жаришта, а депопулација е извршена на преку 14 000 свињи, бројка која за нашата економија е доста голема. Како што информира тој, волку високата бројка се должи на депопулацијата во фармата „Овчеполка“ каде се нештетно уништени преку 8 000 грла.

– Секојдневно се апелира до одгледувачите на свињи, ловните друштва и концесионерите на ловиштата да ги применуваат биосигурносните мерки. Веќе имавме медиумска кампања преку која се трудевме да им објасниме на сите одгледувачи на свињи, независно дали се мали семејни или големи фарми, што се треба да преземат. Од првиот случај на болеста во Европа во 2014 година до денес, преку системите за нотификација секојдневно гледаме нови жаришта, но и во нашата држава – истакна Бабовски.

Тој смета дека болеста африканска чума кај свињите е поразителна за економијата на секоја држава. 

– Уште еднаш алармираме на буквално и целосно применување на биосигурносните мерки од страна на одгледувачите, но апелираме и до Ловната федерација, концесионерите на ловиштата, националните паркови и секој граѓанин кој може да дојде во контакт со домашните, но, пред се, со дивите свињи да бидат исклучително внимателни, зашто таму е резервоарот на вирусот, подвлече Бабовски.

Тој повтори дека еден од најголемите преносители на африканската чума е  и човекот и затоа е неопходна висока свест за борба против оваа болест. 

Биосигурносните мерки на фармите клучни во борбата против африканската чума кај свињите

– Се работи за високосмртоносен вирус за домашните животни. Болеста не спаѓа во групата зоонози, кои се пренесуваат и на луѓето, а, за жал, предизвикува катастрофални последици во економиите на државите каде има голем замав. Во регионот скоро нема земја во која не е регистрирана болеста и кај домашната и кај дивата популација свињи. Мерките за справување на светско ниво се веќе востановени, а тоа значи дека останува на нас да ги применуваме, бидејќи се уште за неа нема ниту лек, ниту вакцина,нагласи директорот.

– Проблемот со свинската чума трае веќе две години и има голем процент на заразеност во сите делови на државата. За жал, малите фармери, тие што не се регистрирани, не ги прифаќаат пораките од Агенцијата за храна и ветеринарство и од поголемите фарми и ние сме на удар. Болеста не е зооноза, но сепак се одразува врз економскиот дел и ако продолжи вака, би можеле да останеме без свинско месо на македонските трпези. Затоа, акцентот треба да се стави, пред се, на малите фарми, да се подигне нивото на свест за да можеме сите заедно да се бориме со овој горчлив проблем, рече претседателот на Здружението на свињарски фарми „Македонско прасе“ – Бојан Георгиевски.

– Имаме проблем со трговците на прасиња, фармите не се оградени, немаат бариери, гробници, комарници (зашто вирусот е векторски пренослив и може да се пренесе и преку храна и преку крв и преку облека), не се внимава кој влегува на фармата, а кој излегува. Ова се дел од најкруцијалните работи кои не се опфатени во онаа популација фармери кои се уште мислат за африканската чума исто како короната, дека е донесена од некаде за големите фарми да ги уништат малите. Но, тоа нема врска. Сите заедно работиме на овој пазар и за сите има место на овој пазар, посочи  Георгиевски.

Обуката почна денеска и ќе трае до четврток, а АХВ ја организира со поддршка на Директоратот за здравје и безбедност на храна на ЕУ.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...