spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Нов спортско-рекреативен центар “Христо Матов” во населеното место Радишани Горна...

Бутел: Нов спортско-рекреативен центар “Христо Матов” во населеното место Радишани Горна Зона

Новиот спортско-рекреативен центар се наоѓа во населеното место Радишани горна зона и ќе се протега на површина од 2000 м2.

Ова е место коешто во минатото беше главно место за рекреација и забава, но за жал во изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија.

Спортско-рекреативниот центар “Христо Матов” ќе содржи модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и ново лед осветлување, нови трибини со нови столчиња, ново баскет игралиште со специјална подлога, реконструкција на детското игралиште со нови модерни содржини, фитнес зона за вежбање и рекреирање, нов парк и нови зелени површини, нова урбана опрема, како и ново лед осветлување.

Општина Бутел се менува.

Граѓаните го добиваат тоа што го заслужуваат. Добиваат модерна, урбана општина со многу содржини и места за рекреација.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте