spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Асфалтирани улици во Дељадровци и Текија

Илинден: Асфалтирани улици во Дељадровци и Текија

Општина Илинден со интензивно темпо работи на подобрување на патна инфраструктура во сите населени места. Деновиве асфалт добија два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци во вкупна должина од околу 200 метри, како и две улици во населено место Текија, односно на улицата кај подрачното основно училиште и улица „1“ кои вкупно зафаќаат површина од околу 700 м2.

Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски градежните работи се одвиваат под полна пареа, а на овој начин граѓаните од овие две населени места ќе добијат подобрена патна инфраструктура како и поквалитетен начин на живот.

Асфалтирањето и тапмонирањето на улиците се реализира во рамки на  програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта. Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден. Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со реализација на оваа програма и во останатите населени места.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FOpshtinaIlinden%2Fposts%2Fpfbid02LKbbDxejsUjmGRtWW9XkzHKGjaAWuo8i6NXHX4dSh5YdSYNraNag7tapbZKKJ5m6l&show_text=true&width=

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МОН: Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на...

0
Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки...