spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПехчево: Јавен повик за избор на членови во Локален младински совет

Пехчево: Јавен повик за избор на членови во Локален младински совет

Врз основа на член 16 став 1 и член 18 став 1 и став 2 од Законот за младинско учество и младински политики ( Слижбен весник на РСМ бр. 10/2020 )  и               член 12 – г од Статутот на Општина Пехчево ( „Службен гласник на Општина Пехчево“ 03/2021), Локалното собрание на млади на Општина Пехчево објавува:

Јавен повик

за избор на членови во Локален младински совет на Општина Пехчево

Локалното собрание на млади во Општина Пехчево објавува Јавен повик за избор на членови во Локален младински совет на Општина Пехчево.

На повикот можат да се пријават членови од: Младински организации, Организации за млади, Политички подмалдоци, Ученички организации и Студентски организации и други облици на Младинско здружување.

Критериуми:

  • Да имаат активности на подрачјето на Општина Пехчево;
  • Да се основани и активни најмалку 1 година пред отварање на овој повик;
  • Делегатот/ката да се жители на Општина Пехчево и да се на возраст од 15 до 29 години;

Потребна документација:

  • Унифицирана пријава;
  • Мотивациско писмо од организацијата за учество во Локалниот совет на млади, но не повеќе од една страница;
  • Извештај за работата, со која се потврдува дека оргнизацијата била активна и има спроведено активности со млади и за млади во Општина Пехчево;
  • Кратка програма и визија за сопствено учество во Советот ( овој дел ќе биде составен дел од унифицираната пријава);

Доколку организацијата номинира кандидат за член на Локалниот младински совет на Општина Пехчево кој е веќе член на Локалното собрание на млади на Општина Пехчево, во прилог на апликацијата не мора да поднесе мотивациско писмо, Извештај со наведените активности.

Рок на пријавување: Повикот е активен со објавување на офицјалната страна на Општина Пехчево и трае заклучно со 22.03.2024 година.

Начин на пријавување: Сите заинтересирани страни можат да ги достават потребните документи до Архивата на Општина Пехчево со назнака: „Апликација за членоство во Локален совет на млади на Општина Пехчево“ или во електронска форма на е – маил: elica.jovevska@yahoo.com  opstina_pehcevo@t.mk со истата назнака во предметот на е – mail.

Лице за контакт:

Елица Јовевска – помлад соработник за прибирање и техничка обработка на податоци во ЛЕР

Тел. 075-231-515

e-mail: elica. jovevska@yahoo.com

Апликациите ќе бидат разгледани од страна на тричлената верификациона комисија која ќе ги покани апликантите пред членовите на Локалното собрание на млади да ги образложат своите пријави.

                                                                                Општина Пехчево

                                                                            Локално собрание на млади

                                                                                    Претседавач

                                                                           С.р.  Момир Ѓорѓиевски

ПРИЈАВАТА МОЖЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНКhttps://docs.google.com/viewer?url=https%3A%2F%2Fpehcevo.gov.mk%2Fwp-content%2Fuploads%2F2024%2F03%2FPrijava-za-nominatsija.doc&hl=en_US&embedded=true

Download (DOC, 50KB)

Извор: Општина Пехчево

Прочитајте