spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингIute златен партнер на e-commerce наградите за 2023

Iute златен партнер на e-commerce наградите за 2023

Во улога на општествено-одговорна компанија и пионер во дигиталните процеси, Иуте ја имаше честа да биде партнер на овогодинешните е-commerce награди, кои вчеравечер на едно место ги собраа сите истомисленици, претставници на компании и прогресивни размислувачи, кои исто како и Иуте веруваат дека ова е дефинитивно година на е-трговијата.

Од друга страна, по настанот, останува уште поголема обврска и детерминираност да се работи уште поинтензивно на развојот на е-бизнисите и процесите, но и на едукацијата, доближувајќи ги што е можно поблиску до сите наши граѓани, преку објаснување на придобивките, бенефицитиите, олеснувањата и безбедносните аспекти.

Со мрежа од над 100 е-продавници, Иуте веќе станува прв избор на купувачите, од аспект на доверба, лојалност, безбедност и модел кој овозможува планирање на буџетот онака како што ним им одговара. Иновативниот и револуционерен модел “Купи сега, плати подоцна” од ден на ден станува се повеќе прифатен и од компаниите и од купувачите.

“Успеавме да доближиме до пазарот и граѓаните еден иновативен начин на плаќање, кој од корен го менува македонскиот пазар, a успехот е заеднички”.

“Како златен партнер и општествено-одговорна компанија, стоиме цврсто покрај членовите и заложбите на асоцијацијата и ќе продолжиме да придонесуваме кон развој на бизнисите и е-трговијата во нашата држава. Во улога на лидер на пазарот и пионер во дигиталните процеси на пазарот, на овој начин оддаваме признание на најдобрите во оваа категорија, но и носиме одговорност уште поинтензивно да работиме на овие процеси“, вели Дане Тодоровски, Комерцијален Директор на Иуте, кој воедно ја имаше честа да додели една од наградите.

Живееме во време на дигитална револуција и вештачка интелигенција, која полека но сигурно навлегува во сите пори, па така и во е-бизнисите. Иднината на е-трговијата ќе зависи од  имплементација на новите алатки и можности. Секој современ бизнис бара континуирана надградба, трендовите брзо се менуваат, но исто така секој бизнис е индивидуална приказна која треба да еволуира на персонализиран начин.


Како лидер на финтек пазарот во дигитална трансформација, црпиме искуство од Естонска групација која е дигитално најнапредна земја во Европа, но тие дигитални трендови ги адаптираме на локалните потреби и барања на нашите клиенти.

Честитки до организаторот на оваа манифестација, на сите учесници и добитници на наградите, овој настан нека биде еден во низата кој ќе даде потстрек и стимул за сите оние кои штотуку започнале или размислуваат за градење и надградување на бизнисот преку е-трговија.

Иуте воедно со гордост го најавува почетокот на Click Week, првата недела од ваков тип во земјава посветена на онлајн купување, овозможувајќи им на купувачите можности за дополнителна заштеда, попусти и користење на придобивките од иновативниот и флексибилен модел на плаќање на рати на Иуте “Купи сега, плати подоцна”.

Извор: Иуте Македонија

Прочитајте

Кичево: Известување

0
Почитувани граѓани, Со одлука на градоначалникот на општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, ја имаме честа преку овој допис официјално да ве информираме дека од понеделник...