spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Лога - Потребна е посветеност на законодавната и на извршната власт...

МП: Лога – Потребна е посветеност на законодавната и на извршната власт за во сите процеси Уставниот суд секогаш да остане на врвот на своите должности

Министерот за правда Кренар Лога се обрати на Меѓународната конференција по повод 60 години Уставен суд. Говорејќи за ,, Уставно -судската заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата “, Лога потенцира дека  Уставните судови преставуваат главни гаранти за заштита на човековите права, а уставната правда се смета за камен –  темелник на уставната демократија.

„На одбележувањето на овој  за сите нас значаен јубилеј, најпрво сакам да изразам почит и благодарност до сите судии и претседатели на Уставниот суд, без чиј придонес би недостасувале успесите на уставното судство на Северна Македонија.

Уставниот суд, како главен фактор за одржување на владеењето на правото, преку својата практика ги зајакнува човековите права и го зачувува авторитетот не само на највисокиот правен акт на нашата земја, туку и на ратификуваните меѓународни договори“,рече Лога.“

Во таа насока, вреди да се спомене дека Уставниот суд често се повикува и на судската практика на Европскиот суд за човекови права, што ја покажува ориентацијата на неговата судска практика кон европските вредности и стандарди, отелотворени во Европската конвенција за човекови права.

На крајот, се подразбира дека е потребна посветеност и на законодавната и на извршната власт за да во сите овие процеси Уставниот суд секогаш остане на врвот на своите должности подготвен да ја врши својата надлежност, како и да ја гарантира заштитата на уставноста и темелните вредности вградени во нашиот Устав, со професионален интегритет и целосна независност во одлучувањето.

Во РАЗВОЈНАТА СЕКТОРСКА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРАВОСУДСТВО (2024 – 2028 година), посебно внимание е посветено на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Во овој документ се констатира дека постои потреба од стручна дебата и анализа за тоа дали во сегашниот општествено политички амбиент е потребно да се прошират надлженостите на Уставниот суд, особено во контекст на заштитата на правата и слободите на граѓаните. Исто така, посебно е констатирано дека анализите за извршувањето на функциите на Уставниот суд бараат отворање расправа за реформи во насока на законско уредување на постапката пред судот, неговата надлежност за заштита на човековите права, како и одделни статусни прашања.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте