spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП во соработка со GIZ Регионален проект за европска интеграција - Работилница...

СЕП во соработка со GIZ Регионален проект за европска интеграција – Работилница за научени лекции од спроведување на ИПА во земјата

Секретаријатот за европски прашања во соработка со GIZ Регионален проект за европска интеграција организираше Работилница за научени лекции од спроведување на ИПА во земјата од 13-15 март 2024 година во Струга.

На работилницата земаа учество претставници од секретаријатот на Националниот ИПА координатор при Секретаријатот за европски прашања, како и претставници од Министерството за финансии (сектор за Сектор за управување со средствата од ЕУ  – ИПА и Сектор за централно финансирање и склучување на договори), секторите за ИПА при Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски и Министерството за труд и социјална политика, како и од јавните претпријатија за државни патишта и Македонски железници инфраструктура.

Целта на работилницата беше да се споделат научените лекции од досегашното спроведување на ИПА, но и да се договорат активности за наредниот период кои треба да го подобрат функционирањето на ИПА структурата, користењето на ИПА средствата, зајакнувањето на капацитетите на ИПА структурата и подобрување на меѓусебната координација и комуникација.

ИПА структурата останува посветена на спроведување на ИПА и во наредниот период во насока на поддршка на процесот на пристапување кон полноправно членство во ЕУ, преку воведување на стандарди и добри практики од земјите членки на ЕУ и во примена на правилата за финансиско управување и контрола.     

Извор: Секретаријат за европски прашања

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...