spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Соопштение за пријавување на штети од град кој ја зафати општината

Богданци: Соопштение за пријавување на штети од град кој ја зафати општината

Врз основа на заклучокот донесен од страна на Советот на општина Богданци со бр.08-529/11     од 14.03.2024 год. се известуваат сите жители и деловни субјекти на територијата на општина Богданци кои имаат штета од град на земјоделските култури кој ја зафати општината (07.03 и 12.03 2024 год.) да достават до општината:

1. Барање за проценка на штета

2. Копија од лична карта,

3. Имотен лист или копија од имотен лист,

4. Лицата кои се оштетени а површините не се во нивна сопственост да достават и договор за закуп.

5.Решение од Единствениот регистар на  земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Барањето може да го подигнат од архивата на општина Богданци или од веб страната на општината.

Барањата да се достават до општина Богданци најдоцна до 01.04.2024 год. Некомплетните барања нема да се разгледуваат.

Заклучок-за-штетиDownload

Барање-за-пријавување-на-штетаDownload

Комисија за проценка на штети од

природни непогоди и други несреќи

Извор: Општина Богданци

Прочитајте