spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Состанок со техничката помош на ЕУ за општините

Богданци: Состанок со техничката помош на ЕУ за општините

На 23.01.2024 година, општините од Вардарскиот регион и три општини од Југоисточниот регион, вклучувајќи ја и општина Богданци, потпишаа Меморандум за разбирање за Организација за управување со дестинација (Destination Management Organisation – DMO).

На 13.03.2024 во просториите на општина Богданци градоначалникот Блаже Шапов имаше состанок со Техничката Помош на ЕУ за Општините (Technical Assistance of EU for Municipalities – TA EU4M), поточно со Тим Лидерот Клаус Рихтер и JTA Expert Верче Лазарова. На состанокот  се разговараше за состојбите во општината, за тоа што би значело воспоставување на Организација за Управување со Дестинација (Destination Management Organisation – DMO) за нашата општина и се договорија за следните чекори за вклучување на приватниот сектор во истата.

За таа цел на 19-ти март, ќе се оддржи работилница со фокус кон вклучување на приватниот сектор на која активно учество ќе земат и претставниците на швајцарскиот проект „IME“, Асоцијацијата „Алзас-Македонија“ и експерти од техничката помош EU4M.

Извор: Општина Богданци

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...