spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Нов парк лоциран на влезот во Лисиче

Аеродром: Нов парк лоциран на влезот во Лисиче

На почетокот на пролетта започна изведбата на новиот парк лоциран на влезот на населбата Лисиче, покрај булеварот „Февруарски поход“. До крајот на следниот месец Аеродром ќе добие нов простор што ќе биде целосно уреден со зеленило и урбана опрема и каде што ќе биде поставено македонското знаме.

Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук-страница објави дека Јавното претпријатие за комунални дејности и Општина Аеродром целосно ги изведуваат работите за уредување на оваа површина, што за граѓаните што живеат во овој дел од општината ќе претставува ново зелено катче.

Во следниот период вакви проекти ќе се реализираат и на други локации низ Аеродром, со што се потврдуваат заложбите за модерна, зелена и чиста општина

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

АХВ: Забрана за увоз и употреба на желудник од живина во...

0
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени- бактерии и вируси,...