spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: За прв пат теретана на отворено

Илинден: За прв пат теретана на отворено

Жителите во Општина Илинден за прв пат ќе добијат спортска теретана на отворено. Локацијата на оваа теретана е кај пешачко – велосипедската патека во Марино, а во тек е поставување на фитнес справите за вежбање.

Градоначалникот на Општина Илинден направи увид на работните активности во Марино и истакна дека истите се одвиваат со предвидената динамика. Во рамки на ова фитнес катче, каде младите па и повозрасните жители на општината ќе можат да се рекреираат и вежбаат, ќе бидат поставени повеќе најсовремени фитнес справи.

Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа Општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортската теретана на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Карпош: Еко викенд со ,,Генералка Викенд“

0
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, ,,Генералка Викенд“, во која се спроведе активно чистење на територија на цел Карпош,...