spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Нови клупи и канти за отпадоци низ Широк сокак и се...

Битола: Нови клупи и канти за отпадоци низ Широк сокак и се уредува Градскиот Парк

Јавното претпријатие Комуналец, продолжува со активностите за разубавување на јавните површини во градот со соодветни цветни декорации, хортикултурно уредување и поставување на нова урбана опрема. Како дел од „Неделата на пролетта“, во тек е поставувањето на нови клупи и канти за отпадоци низ Широк сокак, а во Градскиот парк се врши соодветно уредување и подготовка на жардиниерите за засадување на нови цвеќиња.

„Неделата на пролетта“, деновиве ја одбележа и расчистувањето на дивите депонии, при што подигнати се над 280м³ отпад. Со активностите кои се реализираат оваа недела, општината и јавните претпријатија, настојуваат да придонесат за разубавување на градот и подигнување на јавната свест за заедничко дејствување и поголема грижа за чиста животна средина.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Град Скопје: Одбележување на 26 јули

0
Делегација предводена од Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, оддаде почит во сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, што пред 61 година го остави...