spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрадско: Започна реконструкцијата на детскиот парк

Градско: Започна реконструкцијата на детскиот парк

Најмладите од општина Градско ќе имаат можност да се забавуваат во нов детски парк со хортикултурно уредување, кој денес започна да се реконструира.

Постоечката локација (кај Комуналното претпријатие) ќе се уреди хортикултурно и партерно и ќе биде поставена урбана опрема.

Урбаната опрема вклучува детско игралиште, кошаркарско игралиште, клупи и масички за седење, како и други инсталации за играње на деца, канделабри за осветлување и канти за отпадоци.

Дел од средствата за овој проект се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Центарот за развој на Вардарски плански регион, а дел од Буџетот на општина Градско.

Извор: Општина Градско

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...