spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за...

МОН: Конкурс за средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2024 година

Врз основа на член 50 став 1 и член 52-а став 2 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 ), член 2 и 3 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/19,) член 1 и 2 од Правилник за дополнување на Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 88/21) како и Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2024 година бр. 15-3695/1 од 28.03.2024 година, Министерството за образование и наука распишува:

К   О   Н   К   У   Р   С

за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2024 година

  1. Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2024 година. 
  2. Право на средствата за организација на научни собири имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни  установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење на научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).

  1. Пријавата за доделување средства за финансирање материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири, како и пропратната документација ги поднесува организаторот на научниот собир. 

4.       Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:

  1. пополнета пријава (пријавата можете да се симне од веб страната на Министерството за образование и наука каде што е објавен конкурсот или да се подигне во Секторот за наука и иновации при Министерството за образование и наука) со потпис од овластен потписник и печат, архивирана во архивата на подносителот на пријавата;
  2. одлука од организаторот за одржување на научен собир;
  3. одлука за печатење на зборникот на трудови од научниот собир и
  4. програма за работа на научниот собир со број на учесници
  5. Организаторот на научниот собир е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс. Ненавремена и некомплетно доставена документација нема да се разгледува.
  6. Доколку организаторот на научниот собир организира научен собир со примена на средства за електронска комуникација на некоја од достапните комуникациски платформи се доставува доказ дека научниот собир е организиран со примена на средства за електронска комуникација и листа на учесници присутни на одржаниот научен собир.
  7. Организаторот на научниот собир доставува покана за учество на научниот собир до претставник од Министерството за образование и наука.
  8. Организаторот на научниот собир е должен до Министерството за образование и наука да достави Извештај со спецификација на направените трошоци и два примерока од зборникот на трудови најдоцна шест месеци од одржување на научниот собир.
  9. Средствата кои се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.
  10. Домашните научни истражувачи кои се учесници на одржаните научни собири и организаторот на научниот собир се согласуваат:
  11. -да се регистрирани (пред да се поднесе пријавата) во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил;
  12. – да го објават зборникот на трудови (согласно авторските права на издавачот) во репозиториумот на матичниот факултет/научна установа/универзитет најдоцна шест месеци од одржувањето на собирот;
  13. Линк за E-CRIS.МК: https://cris.cobiss.net/e-cris/mk
  14. Пријавите и документите наведени во точка 4 на овој Конкурс заклучно со 31.10.2024 година, се доставуваат на следната адреса или во архивата на:
  15. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
  16. Сектор за наука и иновации
  17. бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
  18. 1000 Скопје

  1. Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт:
  2. Теута Даши Муртези, канцеларија број број 1410 или на телефон 02-3140-185                                                                                                                                             
  3. Олга Дуковска Атов, канцеларија број 1410 или на телефон 02-3140-185
  4. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
  5.  Пријава

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...