spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Николовски од кавадаречка Марена - Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на...

МЗШВ: Николовски од кавадаречка Марена – Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, вчера вечерва во селото Марена општна Кавадарци, пред лозарите го презентираше новиот Закон за виното, кои денеска беше усвоен од Собранието. 

 „Убави вести носам за вас лозарите. Собранието го донесе новиот Закон за виното предложен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје.Исполнуваме уште еден даден збор пред лозарите“, изјави министерот Николовски.

Новиот Закон за виното во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство. Се уредува делот на воведувањето нови производи од вино, како органско вино и ароматизирани вински производи. Македонското вино најмногу се извезува, кон земјите членки на Европската Унија и токму овој нов Закон придонесува непречено да се зголеми, но и олесни извозот на македонско вино и производи од вино кон ЕУ.

Законот за виното во целост е на страна на лозарите, решавајќи уште еден голем проблем за лозарите, а тоа е откупната цена. За првпат, преку јасна методологија, се утврдува гарантирана производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје, на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, ќе биде вршена од високо образовна, или научна институција, од областа во земјоделството.Лозарите добиваат гарантирана цена на винското грозје, односно производствената цена зголемена за 25%.

Новиот Закон предвидува и креирање на нова годишна, посебна програма за финасиска поддршка во лозарството и винарството, со која уште повеќе треба да се развиваат овие два значјни сектори.

„Новата посебна програма, во себе ќе ги содржи сите досегашни мерки за лозарството и винарството од програмите за директни плаќања и рурален развој. Создаваме и нови можности за поддршка на активности поврзани со промоцијата на виното во Македонија преку регистар на вина, препорачани цени на вина во ресторани, обележување на сите винарии, вински инфлуенсери, продажба на вино преку интернет“, истакна министерот Николовски.

Системот на заштитата на географските индикации на виното, во целост е усогласен со европското законодавство. Новиот Закон за виното во овој дел предвидува, истите да се заштитуваат на национално и меѓународно ниво, со заштитена ознака за потекло, или заштитена географска ознака. Традиционалниот назив на виното, на национално и меѓународно ниво, се заштитува со традиционална ознака.

Производството на вино со географска ознака ќе биде следено од сертификациони тела, кој процесот ќе го верифицираат во сите фази почнувајќи од самиот почеток на производство на грозје, до производство на вино со географска ознака. Сите  заштитени ознаки на потекло и нивните корисници ќе бидат регистрирани во соодветен регистар во МЗШВ.

Новиот Закон за виното заедно со десетгодишната Стратегија за развој на винарството и лозарството трасираат нов пат и сигурен развој на двата сектори, винарство и лозарство, преку стабилно произвдоство на винско грозје со мотивирани лозари, потоа зголемен извоз на македонско вино и уште повисоко позиционирање на светската винска мапа, нагласи министерот Николовски.

Линк од видеото: https://youtu.be/N4cd0DsVvek

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...