spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedДКСК: Учество на панел дискусијата „Засилување на соработката помеѓу институциите за проценка...

ДКСК: Учество на панел дискусијата „Засилување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици“

Претседателката Татјана Димитровска и членовите на ДКСК, учествуваа на панел дискусијата на тема „Засилување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици“ која се одржа денес, во организација на Институтот за економски сратегии и меѓународни односи – Охрид .

Панел дискусијата беше можност за размена на идеи за унапредување на соработката помеѓу надлежните институции во насока на намалување на ризиците за нарушување на изборниот процес.

Во своето обраќање, претседателката Димитровска истакна: „Заканувањето на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици е од суштинско значење за интегритетот и доверба во изборниот процес. ДКСК игра клучна улога во проценка на изборните ризици и спречување на корупцијата во изборниот процес.“

„Анализата на законската рамка, мониторнинг на финансирањето на изборните кампањи, соработката со другите институции, како и организирање на обуки и информирање на граѓаните и политичките партии за ризиците од корупцијата во изборниот процес и за начините за нивно спречување, се активности преку кои  ДКСК може да игра важна улога во заштитата на интегритетот на изборниот процес и во осигурување на фер и слободни избори. Промовирањето на соработката помеѓу ДКСК и другите институции е од суштинско значење за осигурување на чист и интегритетен изборен процес. Овие мерки не само што го намалуваат ризикот од корупцијата, туку ја зголемуваат довербата на граѓаните во институциите и во целиот изборен процес.“, нагласи Димитровска.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

АХВ: Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAH за Европа

0
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски вчера во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација...