spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВиница: Подготовки за изработка на нов Интегриран локален развоен план

Виница: Подготовки за изработка на нов Интегриран локален развоен план

Одржана е првата стратешка работилница за изработка на ИЛРП на Општина Виница Македонија за 2024- 2027 година. Во рамките на работилницата се направи анализи на состојбите од областите од ингеренција на општината,со претставници од SEG HOLDING, претставниците на општината, јавните претпријатија, јавните установи, компании и граѓански организации. ИЛРП ќе ги дефинира сите начини за одржливост на природните ресурси, обезбедување на услови за раст на бројот на туристите и задржување на луѓето во општината.

Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

Извор: Општина Виница

Прочитајте

Охрид: Успешно реализирана еколошката акција „Генералка Викенд“

0
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти...