HomeОпштиниКарпош: Комисиите за за субвенционирање за лифтови и покриви ќе продолжат...

Карпош: Комисиите за за субвенционирање за лифтови и покриви ќе продолжат со работа веднаш по изборите

spot_img
spot_img

Општина Карпош ги информира граѓаните кои аплицирале на јавните повици за субвенционирање за набавка на нови лифтови, за поправка на постоечки лифтови, за санација на кровни покривачи на зградите, како и за замена на азбестни покриви на куќите, дека Комисијата за доделување на субвенции за оваа намена, нема да одржува редовни комисии додека трае изборната кампања.

Имено, по добиените насоки од Антикорупциска комисија на РСМ, Комисијата од Општина Карпош во периодот од 4. април 2024 до 8. мај 2024 година (додека трае кампањата за претстојните претседателски и парламентарни избори), нема да биде во можност да одржува редовни комисии за субвенционирање.

Но во овој случај, граѓаните кои се заинтересирани за гореспоменатите јавни повици, (и додека трае процесот на избори) ќе можат непречено да ги доставуваат своите апликации за добивање на субвенции, во архивата на Општина Карпош. Секако, по завршување на изборниот процес, Комисијата ќе продолжи со работа според Јавниот повик.        

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте