HomeОпштиниБитола: Признание за зголемена ефикасност во управувањето

Битола: Признание за зголемена ефикасност во управувањето

spot_img
spot_img

Општина Битола е една од општините кои со својата ангажираност во изминатата година и половина забележаа значително подобрување во работењето во повеќе области, што беше потврдено и со сертификатот, кој од страна на УСАИД му беше врачен на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Во рамките на настанот „Партнерство за поефикасно управување во општините“, директорот на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите Бардул Марку, ги претстави клучните резултати од соработката со партнер-општините, нагласувајќи дека во изминатите 18 месеци со поддршка од Проектот на УСАИД, партнер општините, ги зголемија своите административни капацитети за управување со општински јавни финансии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање, и подобра соработка со приватниот сектор.

Преку овој проект, општина Битола, меѓудругото, со ангажираност на сопствените човечки ресурси изготви Стратегија за локален економски развој, Урбана ревизија, Процедура за внатрешна комуникација, воведе зголемена транспарентност во буџетското планирање, преку организација на буџетски форуми, како и други активности кои ја зголемуваат ефективноста и ефикасноста на администрацијата.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија