spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Се уредува спортското игралиште во ООУ „Крсте Мисирков“

Гевгелија: Се уредува спортското игралиште во ООУ „Крсте Мисирков“

ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија ќе добие уредено спортско игралиште, за што во тек се изведбените работи за неговата изградба. Увид во активностите изврши градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со директорот на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, Ѓорги Стамков. Градежните активности опфаќаат партено уредување, поставување сертифицирана тартан подлога на баскет-игралиштето, а висококвалитетна вештачка трева на фудбалското игралиште.

Како што истакна градоначалникот Сарамандов, овој проект е дел од акцијата за поставување нови модерни спортски подлоги со цел на децата да им се обезбедат услови за правилен раст и развој во текот на образовниот процес, но и надвор од него преку модерна спортска инфраструктура. Исто така, уредено е и спортското игралиште во дворот на ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци, каде веќе го користат учениците и децата од населено место.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте