spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Одбојкарите од ООУ шампиони за оваа сезона

Карпош: Одбојкарите од ООУ шампиони за оваа сезона

Денеска, во малата сала на СРЦ „Борис Трајковски“ се одиграа завршните финални мечеви од одбојкарското натпреварување во женска категорија меѓу основните училишта од Општина Карпош. Во одличен натпревар, со фантастична атмосфера и мотивирана игра за победа во финалето силите ги одмерија одбојкарките од ООУ „Владо Тасевски“ и ООУ „Јан Амос Коменски“. Екипата на основките од Тафталиџе 1 со резултат 25-19 го освои првиот сет, додека вториот сет им припадна на одбојкарките од минатогодишниот шампион ООУ „Владо Тасевски“.

Вториот сет заврши со 25-19 за шампионите од минатата одбојкарска сезона и следствено на тоа мораше да се одигра и третиот одлучувачки сет во салата исполнета со навивачи на двата одбојкарски тимови. После покажаниот квалитет и во одлучувачкиот трет сет одигран со шампионско темпо, победата ја однесоа основките од „Владо Тасевски “ откако го добија со резултат 15-7 и се промовираа себеси во ново-стар одбојкарски шампион. Пред финалниот меч, се одигра и малото финале меѓу одбојкарките од ООУ „Војдан Чернодрински“ и ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“. На одличен натпревар во фер – плеј игра подобри беа девојките од „Чернодрински“кои триумфираа над одбојкарската екипа на ХТК со 2-0 во сетови и го освоија третото место на натпреварувањата во одбојка меѓу основните училишта од Општина Карпош.

По завршувањето на натпреварите, за талентираните и квалитетни одбојкарки на овогодинешното натпреварување, организирано од Општина Карпош, им беа доделени и индивидуалните признанија. Како најкорисен играч беше прогласена Матеа Василевска од „ Јан Амос Коменски “ додека за најталентирана одбојкарка е избрана Моника Велкова од ООУ „Војдан Чернодрински “. Најдобар играч во одбојкарските натпреварувања за сезоната 2023/24 беше прогласена Јана Илиевска од екипата на општинските шампионки за оваа година.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Битола: 23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце

0
Битола денес со тага го споменува еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001...