spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, информираше за досегашните активности на општината и јавно ги повика надлежните во Агенцијата за храна и ветеринарство да не го кочат процесот и да го издадат потребното одобрение за прифатилиштето.

Интегрален текст од изјавата на Градоначалникот Тони Коњановски:

„Се наоѓаме на локација, која во моментов e целосно подготвена за решавање на еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваме сите битолчани, но за жал повторно сме соочени со опструкции од централната власт.

Општина Битола, во изминатите две години, се насочи на работа и подготовка на потребните услови и неопходната документација за отворање на прифатилиште за бездомни животни, со цел решавање на проблемот со кучињата скитници, зголемена безбедност на граѓаните, хуман третман на животните и намалување на финансиските трошоци во општинскиот буџет.

За таа цел, од страна на општината, направени се следните активности:

  • Изградба на настрешници во функција на објект за ветеринарна заштита со општински средства во износ од 4.132.399 денарисо 22 (дваесет и два) боксови за поединечно и групно сместување и држење на кучињата.
  • Обезбедено е возило за транспорт на заловените кучиња,
  • Изготвен е техничко – технолошки елаборат кој вклучува и обезбедување на соодветна опрема и профили на персонал
  • Извршено е соодветно прилагодување на просторот согласно потребните стандарди за ваков тип на објект
  • Изготвена е програма за хуман третман и благосостојба на животните
  • По извршениот увид на терен и дадените насоки, од наша страна постапено е по забелешките на Агенцијата за храна и ветеринарство

Знаејќи дека, ова е важен процес, кој треба да обезбеди партиципативност на сите засегнати страни ги вклучивме невладините организации, странски експерти, професионалци од областа на ветеринарната заштита и други лица кои со својата стручност, можат да дадат придонес за успешно комплетирање на започнатиот процес.

Во ситуација кога сите услови се исполнети, две недели, не успеваме да воспоставиме никаков контакт со агенцијата за храна и ветеринарство.

Тенденциозно и политички, директорот одбива да стави потпис на решението, со кое во неговиот град, градот во кој живее, ќе овозможи локалната самоуправа да започне со спроведување мерки за заштита на населението од кучињата скитници. Не само што одбива, туку веќе и не одговара на нашите повици.

Почитувани битолчани,

Партискиот натпревар на политичарите, не ја оправдува неодговорноста на централните институции. Затоа, јавно го повикувам директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Никола Бабовски и надлежните во институцијата, да постапат согласно законски предвидените обврски, да ја завршат работата за која се платени со народни пари и да издадат одобрение за почеток со работа на прифатилиштето во Битола“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

АПЈ: Започна обуката на преведувачи и лектори по албански јазик

0
Како и претходните години, така и оваа година започна обуката на административни службеници, кои работат како преведувачи и лектори на албански јазик во нивните...