spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Завршена изградбата на инклузивниот парк

Гевгелија: Завршена изградбата на инклузивниот парк

Гевгелија го доби првиот инклузивен парк. Изградбата на новиот инклузивен парк, којшто се наоѓа во дворното место на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, викендов, беше одбележана со осветување од страна на свештениците на Гевгелиското Архиерејско Намесништво. На осветувањето, присуствуваа голем број претставници на граѓанскиот и бизнис- сектор, политичките партии, како и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
Тој изрази благодарност до Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје за донацијата и посочи дека се пример за граѓански активизам којшто заслужува да биде ценет и почитуван.

Нивната заложба и ентузијазам изминатите неколку години вроди со голем број позитивни примери. Денес, за жал, помеѓу нас не е повеќе ведриот лик на Ице Бегов. Тој беше доказ дека не постојат бариери. Ова дело му го посветуваме нему, како пример за заемно почитување и подавање рака на сите во општеството, истакна градоначалникот Сарамандов во своето обраќање, на свеченото пуштање на паркот во употреба, упатувајќки апел до граѓаните да внимаваат при користењето со цел да се сочува.


Новиот инклузивен парк е хортикултурно уреден, со модерно осветлувањe, располага со урбана опрема за деца и лица со попреченост и претставува место за одмор и релаксација на сите граѓани од општина Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...