spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Дел од Генералка Викенд

Богданци: Дел од Генералка Викенд

Општина Богданци на 17-ти мај се вклучи во најголемата до сега спроведена еколошка акција во Република Македонија „Генералка викенд“ заедно со уште 79 локални самоуправи во земјава.

Акцијата е организирана од страна на „Мен енд Маунтен“ и Национални шуми со поддршка на Министерството за животна средина и Министерството за земјоделие под мотото „ Зелена сончева“ со која за секои 10 килограми собран отпад општината добива по едно дрво.

Според изготвените план и програма за одвивање на активностите од страна на локалната самоуправа, се расчистуваше отпадот од десетина локации на територијата на општина Богданци.

Упатуваме благодарност до СОУ „Богданци, ООУ „Петар Мусев“, ООУ „Кирил и Методиј“ Месна заедница Стојаково, Месна заедница Селемли,  ЈП „Комунална Чистота“, „Полимат 13“ ФК „Вардарски“, РК „Младост“ ЗСР „Костреш“ и ЗГОР 25-МИНА Стојаково кои се вклучија во оваа акција која има за цел да придонесе за подигнување на еколошката свест и одговорноста кај населението за заштита и зачувување на животната средина .

Извор: Општина Богданци

Прочитајте

АПЈ: Гранит Османи е нов вршител на должноста директор на Агенцијата

0
Гранит Османи е од Куманово. Основното училиште го заврши во родниот крај. Во потрага по средно образование и притисокот што го диктираше тогашното време...