spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Нов спортски центар во Дупки во Драчево

Кисела Вода: Нов спортски центар во Дупки во Драчево

На некогашната огромна депонија, на местото викано Дупки во Драчево, никнува нова локација за љубителите на спортот. Општина Кисела Вода интензивно работи на изградба на нов модерен спортски центар кој ќе нуди две фудбалски, кошаркарско и одбојкарско игралиште, крос патека и фитнес зона, спортски содржини кои ги бараа младите од овој дел на градот.

Се гради и пристапна улица, а секако, нема да биде изоставено и решение за паркинг простор. Инвестициите во спортската инфраструктура се влог во физичкото и ментално здравје на сите наши жители и затоа останувааат да бидат печат на сета наша досегашна и идна работа, потенцираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

-Пешачки зони, крос патека и фитнес зона добива новиот спортски центар во Дупки, Драчево. За љубителите на спортот изградивме уште една локација за развивање на своите таленти, на место кое претходно беше дива депонија. На местото викано Дупки во Драчево работиме со силна динамика и наскоро ќе биде отворено за сите љубители на спортот.

Ќе биде собирно место за спортски натпревари во сите дисциплини, бидејќи тука градиме спортски комплекс кој ќе нуди две фудбалски, кошаркарско и одбојкарско игралиште, крос патека и фитнес зона која беше барање на младите луѓе од Драчево. Моментално работиме на пешачката зона и партерното уредување, клупи, корпи за отпадоци итн. Сето ова ќе биде изведено согласно сите стандарди. Фудбалските игралишта се со вештачка трева, додека кошаркарското и одбојкарското со акрилна подлога. Градиме и пристапна улица, а секако мислевме и на решение за паркинг простор бидејќи очекуваме ова да биде популарно собиралиште за сите помлади и повозрасни рекреативци од овој дел на градот.

Заложбите за изградба на спортска инфраструктура кои се силен печат на сета наша досегашна работа.Продолжуваме со несмалена динамика бидејќи инвестирањето во спортот значи инвестиција во физичкото и ментално здравје на сите наши жители-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте