spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: ООУ,,Димо Хаџи Димов” првонаградени на хорскиот натпревар

Карпош: ООУ,,Димо Хаџи Димов” првонаградени на хорскиот натпревар

Во Кинотеката на РСМ, се одржа петтиот по ред натпревар по хорско пеење помеѓу основните училишта во Општина Карпош. Општинското основно училиште ,,Димо Хаџи Димов”, под менторство на Невена Маркоска, а во изведба со песната ,,Canon des Scatas”, го освоија првото место  на овогодинешниот хорски натпревар, додека второнаградени беа хористите од ООУ ,,Јан Амос Коменски”, предводени од наставникот по музичко Марија Златановска, со песната ,, Давај ме, мила мамо, давај ме’’.

Локалната самоуправа ги награди првопласираните со парична награда од 40.000 денари и дипломи, додека пак второпласираните добија дипломи и награда од 20.000 денари. Имено, оваа активност е дел од Програмата за образование за 2024 година при Секторот за дејности од јавен интерес од Општина Карпош, а градоначалникот Стевчо Јакимовски ги додели наградите.

На  натпреварот учествуваа девет основни училишта, со над 300 ученици хористи, кои се претставија со своите хорски интерпретации на световна музика, акапела и со инструментална придружба.

Со свои ревијални настапи се претставија и учениците од три основни училишта, Нела Манческа  од ООУ “Вера Циривири Трена, која ја отпеа песната “Part of your world,, , Мила Николовска од ООУ “Аврам Писевски,, , која настапи со песната “Готово е,,  и Ана Манчева од ООУ “Јан Амос Комеснки,, кој со својот талент на пијано и изведба на ,,Ромео и Јулиа”, ги воодушеви присутните.

Целосната изведба на хористите од училиштата, беа внимателно проследени од  Комисија за избор на награди за хорски натпревар меѓу училиштата, составена од надворешни членови, професионалци од областа на музиката, Јасмина Беличанска– професор по музичка уметност во СУГС ,,Никола Карев”, Јулија Карамитрова Огненоска-професор по музичка уметност во СГГУГС ,,Здравко Цветковски”, Данило Станковиќ-професор по музичка уметност во СУГС ,,Георги Димитров”, како и членови од Советот на Општина Карпош, Добрила Андоновска и Невена Георгиевска, на кои им беа врачени благодарници за нивниот професионален ангажман на хорскиот натпревар. На овогодинешниот натпревар по хорско пеење, се доделија и дипломите како и паричните награди за најдобар еко-училишен двор.

Оваа учебна година заврши со музика и награди за талентираните хористи, кои заслужено освоија награди за нивниот успех.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте