HomeОпштиниЦентар: Благодарност до нашите ученици кои се најголеми промотори

Центар: Благодарност до нашите ученици кои се најголеми промотори

Сергеј Малјановски Арнаудовски ученик во ООУ „Димитар Миладинов“ и Горјан Вукиќевиќ од ООУ „Кочо Рацин“ се наши ученици на кои денеска градоначалникот им додели пофалници за нивните постигнати успеси во областа на спортот.
Арнаудовски е одличен ученик и со своите спортски достигнувања е стипендист и на државно и на локално ниво. Тој високо котира во училишниот спорт ракомет, крос, пливање и триатлон каде бил државен шампион или освојувал прво, второ трето место не само во Македонија туку и во Хрватска и Црна Гора.

Вукиќевиќ е исто така одлиен ученик но заслужува посебно внимание поради тенисот. На само 14 години има учествувано на домашни и интернационални турнири за што има добиено многу награди. Исто така високо котира на домашните и интернационални тениски ранг листи. Ги држи првите места Државните и регионалните првенства за јуниори до 14 години во Шумадија, Западна Србија како и првите три места на неколкуте домашни турнири за јуниори.

Им честитаме и им посакувам уште многу признанија, високи достигнувања и успешни кариери.

Извор: Општина Центар

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...