spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Поништена е одлуката за изградба на 12 габаритни згради во...

Кисела Вода: Поништена е одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче

Стопирана е иницијативата за измена на ДУП реон Ј, градска четврт Ј20, блок Ј20.03, со која во времето на  претходниот градоначалник на Општина Кисела Вода, се предвидуваше изградба на 12 згради, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

-Ја стопиравме иницијативата за измена на ДУП реон Ј, градска четврт Ј20, блок Ј20.03, со која во времето на  мојот претходник, се предвидуваше изградба на 12 згради!

Како што ветив и ги исполнив своите ветувања за Расадник, како што ја донесовме и целосно ја спроведуваме одлуката за забрана за изградба на станбени објекти со повеќе од 4 станбени единици во Пржино и Црниче, од денес е во сила и оваа одлука и наместо гигантски зданија, на посочената локација во Црниче, на сопственикот ќе му биде дозволена само реконструкција на објектот, старата печатница и тоа во постоечкиот габарит.

Воедно, сакам да инфомирам дека скалите кои со измената на ДУП-от требаше да бидат отстранети, ќе останат и ќе бидат надополнети со пропратна урбана опрема, онака како што бараа нашите жители.

Одговорно тврдам дека нови одобренија за изградба на згради во Пржино и Црниче нема да има, како што е зацртано во мојата одлука, која што е поддржана и од страна на Советот на општината, а и од сите жители од овој дел на градот.

Во Пржино и Црниче ќе можат да се градат само куќи, кои што можат да имаат максимум 4 станбени единици!

Времето во кое што под маската на А1 – куќи се градеа габаритни згради е завршено!

Ова е ново време во кое живее општина Кисела Вода.

Нема да дозволам поради лични интереси на поединци мојот народ во Црниче и Пржино да се гуши и тие прекрасни населби под срцето на Скопје, Водно, да се бетонизираат.

Испишуваме нова приказна, заедно и според вашите потреби-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Карпош: Соопштение

0
Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви… (за среќа...