spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: Хортикултурно уредување на паркот „Методи Митев“

Василево: Хортикултурно уредување на паркот „Методи Митев“

Паркот „Методи Митев“ во Василево, кој се наоѓа пред Домот на културата, деновиве, од страна на општина Василево беше хортикултурно уреден.  Поставен е нов летниковец, нова чешма, обновени се клупите а зелениот дел е збогатен со нови садници и зимзелена ограда.


„Динамичниот начин на живот секојдневно ни наметнува потреба за создавање нови содржини за одмор и рекреација. Меморијалниот парк ,,Методи Митев” го претворивме во ново урбано катче со реквизити за деца.

 Поставени се следните содржини: летниковец; Обновени се сите клупи кои беа во руинирана состојба; детски реквизити; нова чешма; нови дрвца и зелена ограда.  Продолжуваме и понатаму да создаваме поубаво и модерно Василево“,  напиша по тој повод градоначалникот Славе Андонов.на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,

Извор: Општина Василево

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...