spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Продлабочена соработка со ЗЕЛС

МЛС: Продлабочена соработка со ЗЕЛС

Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС го потврдија своето партнерство на денешната средба помеѓу министерот за локална самоуправа Златко Перински и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Главниот заклучок од оваа средба е дека соработката помеѓу двете институции ќе се продлабочува и ќе биде основа за решавање на сите предизвици со кои се соочуваат општините во Македонија.

На средбата се дискутираше за заедничките проекти и иницијативи кои ќе бидат реализирани во наредниот период, како и за приоритетите во локалната самоуправа.

Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС остануваат посветени на својата мисија за подобрување на условите за живот и работа во сите општини, преку ефективна и континуирана соработка.

Извор: Министерство за локална самоуправа

Прочитајте

Бутел: Целосна реконструкција и асфалтирање на улиците

0
Нови асфалтирани улици – нови задоволни граѓани. Општина Бутел продолжува со реконструкција и асфалтирање на улиците во населеното место Расадник. Ова е улица која за првпат...