spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Обиен и ограбен е комуналниот пункт во Капиштец!!

Центар: Обиен и ограбен е комуналниот пункт во Капиштец!!

Прозорецот на куќарката е искршен и украдени се алатките и опремата што ја користат нашите хигиеничари.

Внатрешноста е целосно демолирана. Штетата е проценета на 70.000 денари. Кражбата ја пријавивме во МВР, по што е направен и увид.

Побаравме од полицијата да ги засили контролите во населбата, со оглед на многубројните пријави и реагирања на граѓаните за ноќното движење и вандализирање на јавните објекти во Капиштец.

Ваквите инциденти и појави ги вознемируваат жителите, а ги охрабруваат хулиганите, бидејќи нема ниту казни ниту санкции.
Работата на полицијата е да ги санкционира сите оние што го загрозуваат и нарушуваат јавниот ред и мир и го уништуваат заедничкото добро.

Агресивното однесување, вандализирањето и кражбите не смеат да поминуваат неказнето, а сите вакви немили случаи мора навремено да се расчистуваат.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...