HomeОпштиниБутел: Започна постапката за утврдување на штета од големото невреме

Бутел: Започна постапката за утврдување на штета од големото невреме

spot_img
spot_img

Градоначалникот Дарко Костовски ги известува граѓаните на општина Бутел дека започна постапката за утврдување на штета врз домовите како последица од невремето кое ја погоди општината во изминатиот период.

Градоначалникот ги повикува сите граѓани од општина Бутел во период од 15.07 (понеделник) до 25.07 2024 год.(четврток) во временски период од 08:00 до 16:00 часот да поднесат барање до архивата на општина Бутел за утврдување на штета.

Во втората фаза, комисија составена од општинска администрација и овластен проценител ќе излезе на терен со цел изготвување на записници и проценка на штетата.

На едношалтерскиот систем во општината ќе биде оставен унифициран образец кој секој граѓанин кој има штета во својот дом ќе може да го потполни и поднесе во архивата.

Општина Бутел за оваа намена од својот буџет издвои 3 милиони денари.

Извор: Општина Бутел

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија