HomeОпштиниИлинден: Меморијален турнир во мал фудбал „Драганчо Стојановски-Прпе“2024

Илинден: Меморијален турнир во мал фудбал „Драганчо Стојановски-Прпе“2024

spot_img
spot_img

Одржан уште еден спортски настан во Општина Илинден. На спортскиот терен во Дељадровци пред голем број љубители се одржа Меморијален турнир во мал фудбал ,,Драганчо Стојановски-Прпе” 2024, на кој оваа година учествуваа 24 екипи од повеќе општини.

На финалниот натпревар првото место го освои екипата на Компанија Атанасовски, второто место Компанија Петковски, трето место Јуниор Добрешане, четврто место за Глас Лукс, за најдобар голман на турнирот беше прогласен Антонио Трајковски од Јуниор Добрешане, додека за најдобар играч беше прогласен Кристијан Ристовски од Компанија Атанасовски.

И оваа година Општина Илинден го поддржа турнирот а градоначалникот Александар Георгиевски, кој беше присутен на финалниот натпревар на најдобрите им ги додели пехарите и истакна дека поддршката ќе продолжи и во иднина како за овој така и за другите спортски настани.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија