HomeМинистерстваМЛС: Средба на министерот Перински со Директорката на Центарот за развој на...

МЛС: Средба на министерот Перински со Директорката на Центарот за развој на Источниот плански регион (ЦРИПР), Зујица Ангелова

spot_img
spot_img

На денешната средба на Министерот за локална самоуправа, Златко Перински со Директорката на Центарот за развој на Источниот плански регион (ЦРИПР), Зујица Ангелова, се разговараше за реализацијата на актуелните проекти во планскиот регион и за можноста за општините да учествуваат на јавниот повик за финансирање на капитални, инфраструктурни проекти, од државниот буџет.

На средбата беа дискутирани сите активни проекти за рамномерен развој на Источниот плански регион, финансирани од државниот буџет, како и ИПА проектите за прекугранична соработка кои што ги имплементираат Центарот и општините во регионот.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека очекува апликации на јавниот повик од сите градоначалници и понатамошна реализација на добри и издржани проекти за квалитетен живот на граѓаните.

Извор: Министерство за локална самоуправа

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте