HomeМинистерстваМЗ: Средба со директорот на ФЗОМ - Разгледани можностите за проширување на...

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување на Позитивната листа со иновативни лекови

spot_img
spot_img

Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски производители), претставници на Американската стопанска комора и претставници од комисијата за позитивна листа на лекови.

Целта на состанокот беше да се разговара за можностите за проширување на Позитивната листа со иновативни лекови, а посебен акцент беше ставен на профункционирањето на „посебните договори“, како ефикасна алатка за намалување на цените на иновативните лекови со што би се овозможила поголема достапност на овие лекови за потребите на пациентите.

Сите присутни од свој аспект ги искажаа своите мислења и ставови по однос на распсположливите средства на институциите, но заеднички заклучок беше дека промени треба да има и тие промени треба да се во интерес на пациентите.

Извор: Министерство за здравство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте