HomeОпштиниАеродром: Нормализирана состојбата по вчерашното невреме

Аеродром: Нормализирана состојбата по вчерашното невреме

spot_img
spot_img

Кризниот штаб на Општина Аеродром е во постојано заседавање, а утрово одржа и итен состанок по вчерашното невреме кое нанесе материјална штета, а голем дел од аеродромци останаа и без електрична енергија поради паднат далновод на ЕВН.

Во моментов дефектот е саниран и напојувањето со електрична енергија е нормализирано на целата територија на Аеродром.

На денешниот состанок беше донесена одлука сите урбани заедници да испратат информации за состојбата на терен, а Кризниот штаб ќе биде во постојана комуникација со сите надлежни институции за што побрзо отстранување на последиците од обилните врнежи.

Командирот на полициската станица во Аеродром, Тони Петровски информира дека во текот на изминатата ноќ биле зајакнати полициските контроли со цел да се превенираат евентуални несакани несреќи.

Тој исто така посочи дека речиси сите семафори се вратени во функција кои поради недостиг на струја не работеа. На тие точки во текот на ноќта беа мобилизирани полициски службеници што го регулираа сообраќајот за безбедност на граѓаните.

Кризниот штаб апелира до аеродромци на внимателност и во текот на денешниот ден поради најави од повторно невреме.

Мобилните екипи во соработка со полицијата се во целосна подготвеност да интервенираат доколку има потреба од тоа.

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија