HomeОпштиниКарпош: Се издава под закуп рекламниот простор на надвозникот „Влајко“ 

Карпош: Се издава под закуп рекламниот простор на надвозникот „Влајко“ 

spot_img
spot_img

Општина Карпош објави Јавен оглас за спроведување на постапка за доделување на Договор за закуп на рекламниот простор на надземниот премин „Влајко“ кој се наоѓа во населбата Влае 2. Рекламниот простор од предметната недвижност се простира долж надвозникот, со вкупен број од 2 (две) поставени паноа со димензии од 8х3 метри изложени по еден од западната и еден од источната страна на надвозникот. Оттука, рекламниот простор се издава под закуп по пат на Јавен оглас со прибирање на писмени понуди, а за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој покрај предвидените услови во огласот, понудил и највисока цена за закуп на рекламниот простор.

Инаку, рекламниот простор се издава под закуп за период од 4 (четири) години, додека пак минималниот износ за закуп на рекламниот простор не може да изнесува помалку од 120.000 денари, за времетраење од 1 (една) година. За повеќе детали кои ги опфаќаат содржината и прилозите на понудите, како и начинот и рокот на поднесување на понудите и депозитот, во целост ви го ставаме на увид Јавниот оглас кој можете да го проследите на следниов линк:

https://shorturl.at/bUUus

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија