HomeОпштиниБитола: Започна асфалтирањето на улицата „Солунска“ на потегот од Трета реонска до...

Битола: Започна асфалтирањето на улицата „Солунска“ на потегот од Трета реонска до улица „Пецо Божиновски“

spot_img
spot_img

Продолжува реконструкцијата на патната инфраструктура во Битола. Денес започна асфалтирањето на улицата „Солунска“ на потегот од Трета реонска до улица „Пецо Божиновски“. Во следната фаза продолжува другиот дел од реконструкцијата до улица „Мирка Гинова“.

Со работните активности на терен предвидена е комплетна реконструкција на улица „Солунска“, а оваа фаза вклучува реконструкција на мешовита канализациона мрежа во должина од 554,2 метри, водоводна мрежа во должина од 223,25 метри и реконструкција на коловоз во должина од 566,65 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 25.000.000 денари.

Паралелно, продолжува асфалтирањето и во Населбата „Недопирливи“.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија