HomeОпштиниБутел: Ранче и Училишен прибор за секое Прваче

Бутел: Ранче и Училишен прибор за секое Прваче

spot_img
spot_img

Првиот училишен ден е денот коj првачињата го паметат и го поминуваат
низ забава.

И оваа година сите првачиња на 1 септември ќе добијат висококвалитетен
анатомски ранец, со потребен училишен прибор за непречен почеток на
учебната година.

Покрај тоа, сите ученици во општинските основни училишта ќе добијат и
униформи.

Овој училишен пакет има за цел на родителите да им овозможи финансиско
олеснување за кое би требало да издвојат околу 6000 денари.

Заедно со висококвалитетниот анатомски ранец овој пакет ќе содржи и
тетратка за почетно пишување, помагало за броеви, блок, самолеплива
колаж хартија, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка,
острилка и гумичка.

Трета година по ред, општина Бутел обезбедува ранец и училишен прибор за
секое прваче во општинските основни училишта.

Извор: Општина Бутел

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија