HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски им подари училишни ранци на сите првачиња

Илинден: Градоначалникот Георгиевски им подари училишни ранци на сите првачиња

spot_img
spot_img

Новата учебна година успешно започна со сите училишта на територија на Општина Илинден. Училиштата подготвени ги отворија вратите за околу 2000 основци и над 300 средношколци, а за прв пат во училишните клупи седнаа околу 170 првачиња, а во СОСУ „Илинден“ во прва година се запишани 68 средношколци.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски по повод почетокот на новата учебна година ги посети општинските основи училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“ каде на сите првачињата им подели ранци со училишен прибор и им посака успешен почеток на новата учебна година, успех во совладувањето на наставните содржини и убави спомени од училишните клупи.

Во сите училишта по повод приемот на првачињата се одржа пригодна свеченост за топол прием на новите другарчиња. Во текот на летниот распуст во училиштата на територија на општина Илинден беа реализирани поголем број на работни активности со цел успешно спроведување на воспитно-образовниот процес, како за учениците така и за наставниот кадар.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија