HomeМинистерстваМДТ: Можностите за интензивна соработка во фокусот на средбата меѓу министерот Андоновски...

МДТ: Можностите за интензивна соработка во фокусот на средбата меѓу министерот Андоновски и неговиот полски колега Гавковски

spot_img
spot_img

На маргините на Економскиот форум во Карпач, министерот  за дигитална трансформација Стефан Андоновски имаше низа активности во рамките на кои оствари работна средба со полскиот домаќин, Потпретседателот на Владата на Полска  и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски.

На средбата се разменуваа искуства и добри практики поврзани со дигиталната трансформација, а во фокусот на разговорите беа можностите за интензивна соработка во таа област.

Министерот Гавковски ги презентираше  искуствата во однос на дигитализацијата на владините услуги во Полска, особено нагласувајќи ја импресивната трансформација  во делот на користењето на отворени податоци.

Министерот Андоновски од своја страна истакна дека сите позитивни искуства од Полска се добредојдени и би можеле да помогнат особено при процесот на развивање на нашите дигитални услуги кои се приоритетна цел.

Дополнително, на средбата се разговараше за предизвиците и за можните решенија поврзани со задржувањето на професионалниот ИКТ кадар и квалитетните административни службеници во јавниот сектор, што е од клучно значење за успешна дигитална трансформација.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија