spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Компаративна анализа на квалитетот на воздухот во урбаниот и руралниот...

Гази Баба: Компаративна анализа на квалитетот на воздухот во урбаниот и руралниот дел

Градоначалникот Бобан Стефковски потпиша Меморандум за соработка со Ректорот на Универзитетот Гоце Делчев од Штип проф. др. Дејан Мираковски со кој отпочнува постапка за изработка на еден значаен документ за нашата Гази Баба.

Општина Гази Баба е првата општина во Република Македонија која ќе изработи компаративна анализа на квалитетот на воздухот во урбаниот и руралниот дел во текот на пролетниот, летниот, есенскиот и зимскиот период од годината.

Ќе се постават мерни станици за испитување на квалитетот на воздухот во урбаниот и во руралниот дел на Општина Гази Баба, а зависно од резултатите ќе се подготват конкретни мерки кои ќе ги споделиме со надлежните институции со цел нивна реализација.

Квалитетот на амбиенталниот воздух е важен за животот и здравјето на граѓаните и токму поради тоа пристапуваме кон изработка на оваа анализа која ќе биде водилка кон обезбедување на почист воздух за граѓаните во текот на целата година.

Изработката на овој значаен документ е уште еден доказ за нашата посветеност кон здравата животна средина.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...