HomeОпштиниГази Баба: Хиподром доби нов спортски комплекс

Гази Баба: Хиподром доби нов спортски комплекс

Го пуштивме во употреба спортскиот центар во Хиподром кој го изградивме на местото на поранешното училиште Вера Јоциќ.

Граѓаните на Хиподром на едно место имаат:

?Спортски терен за одбојка;
⚾️Спортски терен за ракомет;
?Спортски терен за кошарка;
?️Фитнес зона;
?Детско забавно катче.

Дополнително извршивме партерно уредување со павер елементи и урбана опрема.

Со реализацијата на овој проект извршивме комплетно уредување на површина од 14.816 метри квадратни и ова е најголемиот спортски комплекс на територија на Гази Баба.

Создадовме простор за сите генерации. Најмладите имаат катче за забава, младите спортски терени и фитнес зона за рекреација, а повозрасните простор за одмор.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте